Проекции во Драмски во чест на Горан Стефановски
Во чест и сеќавање на големиот драмски писател Горан Стефановски, кој почина на 27 ноември, Драмски театар од денеска организира низа настани и бесплатни проекции на неговите претстави.
Вечерва во 19 часот ќе има проекција на претставата „Диво месо“ од 1979, во режија на Слободан Унковски, а модератор на настанот е драматургот Александра Бошковска. В понеделник во 19 часот ќе има проекција на претставата „Дупло дно“ во режија на Унковски, а модератор е Мишел Павловски.
„Драмски започнува со низа настани со кои ќе се потсетиме на ремек-делата на нашиот Горан Стефановски“, соопшти театарот каде беа поставени најголем дел од неговите драми.
Стефановски почина во Велика Британија каде живееше изминативе две децении.