Палмер: Македонија во НАТО до средината на 2020 година
Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер денеска во Сараево изјави дека Македонија би можела да се стане членка на НАТО до средината на 2020 година, доколку се спроведе Договорот од Преспа. Според него, реална цел е да се очекува Македонија „најрано за 18 месеци“ да влезе во Алијансата.
Палмер изрази загриженост за како што кажа, силното руско влијание во регионот на Западен Балкан вклучувајќи ги и напорите за поткопување на напорите на Владата и институциите на Македонија за интеграција во ЕУ и НАТО.