НАТО: Од Русија зависи зачувувањето на договорот за нуклеарно оружје
НАТО соопшти дека од Русија зависи дали ќе се зачува договорот за нуклеарно оружје од Студената војна. САД претходно се заканија дека ќе го напуштат договорот бидејќи Москва ги прекршила своите обврски.
Министрите на 29-те земји членки на Алијансата по нивната средба во Брисел соопштија дека Русија развила ракетен систем кој го прекршува договорот од 1987 година за ракети од среден дострел меѓу Москва и Вашингтон и кој претставува значаен ризик по евроатланската безбедност.
Договорот им забранува на САД и на Русија да поседуваат, произведуваат или распоредуваат копнени крстосувачки ракети или балистички ракети со опсег од 500 до 5000 километри.