Харадинај со писмо до ЕУ ги објаснува причините за таксите
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај испратил писмо до сите земји членки на Европската унија, во кое ги објаснува причините за воведување на такси од 100 отсто на увозот на производи од Србија и од Босна и Херцеговина. Во писмото тој тврди дека Косово постојано ги почитувало во целост сите договори и сите обврски од ЦЕФТА.
Но, според него, Србија и БиХ не ги почитувале обврските од ЦЕФТА, го кршеле уставниот поредок на Косово и ја загрозувале безбедноста и јавните политики на земјата. Харадинај ги наведува и бројните пречки и проблеми со кои се соочувале косовските бизнисмени при извозот на стоки во двете земји.