Трамп му одаде почит на Буш
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија му оддадоа почит на претседателот Џорџ Буш чие тело е изложено во Капитол во Вашингтон. Државната церемонија ќе се одржи утре во Националната катедрала во Вашингтон, каде што ќе присуствуваат странски лидери и поранешни американски претседатели.
Неговиот син Џорџ Буш ќе зборува на церемонијата. Трамп кој беше отворен критичар на семејството Буш ќе присуствува на церемонијата, но нема да држи говор во негова чест.
Буш почина во Тексас на 94-годишна возраст на 30 ноември. По оддавањето државни почести телото на 41 американски претседател ќе биде вратено во Хјустон, каде што ќе биде погребано во претседателската библиотека, каде што почиваат и неговите жена и ќерка. Буш беше американски претседател од 1989 до 1993 година.