Опозициски грузиски политичар пронајден мртов
Водечкиот член на грузиската опозициска партија Обединето национално движење, Николос Руруа е пронајден мртов во неговиот стан во Тбилиси. Медиуми објавија дека причина за смртта на Руруа е срцев удар.
50-годишниот политичар беше близок соработник на поранешниот претседател Михаил Саакашвили. Руруа стана пратеник откако Саакашвили дојде на власт и беше и министер за култура меѓу 2009-2012 година.