САД со рок од два месеци за Русија за нуклеарниот договор
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД ќе ги суспендираат обврски кои произлегуваат од нуклеарниот договор од Студената војна доколку Русија не се врати кон исполнување на условите од договорот за ракети со среден одстрел во наредните два месеци. Помпео обвинувајќи ја Русија за прекршување на договорот порача дека шестмесечниот период на известување за напуштање на договорот меѓу Москва и Вашингтон од 1987 година ќе започне за 60 дена.
Министрите на 29-те земји членки на НАТО по нивната средба во Брисел соопштија дека Русија развила ракетен систем кој го прекршува договорот од 1987 година и кој претставува значаен ризик по евроатланската безбедност. Договорот им забранува на САД и на Русија да поседуваат, произведуваат или распоредуваат копнени крстосувачки ракети или балистички ракети со опсег од 500 до 5000 километри.