Времето сончево, попладне дожд
Времето денеска ќе биде претежно сончево со умерена облачност, а попладне со повремени врнежи од дожд, особено во западните подрачја. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Утринската температура се движи од минус седум до нула, а дневната од три до 14 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, попладне со слаби врнежи од дожд. Утринската температура се спушти до минус шест, а дневната ќе достигне до девет степени.