Ердоган: Протестите во Франција покажуваат неуспех на демократијата
Протестите во Франција покажуваат неуспех на демократијата и проблем со слободата и почитувањето на човековите права во Европа, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
“Протестите на „жолтите елеци“ покажуваат неуспех на демократијата, човековите права и слободи во Европа. Во многу европски земји се создаде затегната атмосфера. Денес ја следиме ситуацијата во земји кои одлучија да не реагираат на активностите на лица кои се обидуваат да предизвикаат крвопролевање во Турција,” изјави Ердоган.
Турскиот претседател истакна дека „некои сили ја обвиниле“ турската полиција за „употреба на прекумерна сила“.
“Погледнете како нивната полиција се однесува со луѓето. Нашите полицајци дејствуваат хумано”, рече Ердоган посочувајќи дека Турција е против „хаосот што го сеат демонстрантите“ и „употребата на прекумерна сила против демонстрантите“.