Протести во Будимпешта против измените на законот за работни односи
Илјадници Унгарци се собраа на протести во Будимпешта против предлог-законот за измена на законот за работни односи, со кој работодавачот може да бара прекувремена работа во траење од 400 часа. Членовите на синдикатите на работниците и нивните приврзаници се собраа на протести со транспаренти како што се "Ние протестираме против законот за робови" или "Натерајтеја својата мајка да работи прекувремено".
Полицијата го блокираше главниот плоштад пред зградата на парламентот, каде што демонстрантите се движеа на почетокот од протестот, натерувајќи ги демонстрантите да го заобиколат централниот дел на Будимпешта и да ја исполнат главната улица што води кон парламентот.
Измената на Законот за работни односи, презентирана пред унгарскиот парламент оваа недела, беше критикувана и предизвика најголеми улични протести во последната година.