Трамп: Нема докази за рускo влијание на американските избори
Американските обвинители не најдоа докази за соработка со Русија и покрај долгата и скапа истрага за вмешаноста на Москва на претседателските избори во 2016 година, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој пишуваше за исходот од истрагата на Твитер, еден ден откако обвинителите претставија детали за обидот на Русија да помогне на кампањата на Трамп.
"По две години, милиони страници документи и трошоци од над 30 милиони долари - немаше соработка!", напиша Трамп на својот твитер профил.
Русија негира каква било вмешаност во изборите во САД во корист на американскиот претседател.