Времето денеска променливо облачно
Времето денеска ќе биде облачно со локален дожд, на повисоките места со дожд и снег, а на планините со снег. Во текот на денот ќе има разведрување, а во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи кои поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Утринската температура се движи од минус 1 степен до 3 степени целзиусови, а дневната од шест до 13 степени. Во Скопје слично време. Утринската темература се спушти до 1 степен, а дневната ќе достигне 9 степени.