Завршија јавните дискусии за уставните измени
Завршија јавните дискусии по нацрт амандманите за уставни измени што произлегуваат од Договорот со Грција за името.За јавни дискусии е предвиден рок од пет дена. Од владината прес -служба посочуваат дека во рок од два дена после јавната расправа, Владата, како овластен предлагач за уставни измени, до Собранието ќе достави сублимиран извештај од главните сугестии и предлози за усовршување на нацрт амандамните, или како амандмани на амандманите.
Процесот на уставните измени треба да заврши со усвојување на предложените амандмани после јавната расправа и со Одлука за измена на Уставот што ќе ја донесе Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, на седница која е предвидено да се одржи на 15 јануари 2019 година.
Учесниците на сите пет дебати, како што посочуваат од Владата, се обединиле околу ставот дека со Договорот од Преспа и решавањето на повеќедецениското прашање се затвора и поглавјето на идентитетските прашања, кое заедно со членството во НАТО и ЕУ, се трите цели кои Владата сака да ги постигне со овој Договор.