„Жолтите елеци“ и во Албанија
Бран протести попладнево ја зафатија цела Албанија, а дел од учесниците на собирите се појавија во жолти елеци по примерот на демонстрантите во Франција.
Освен студентите, кои протестраат веќе осми ден, на протести излегоа и граѓани од повеќе градови, незадоволни од високите цени на горивата и електричната енергија, како и од сиромштијата. О повеќе градови беа блокирани национални патишта и патишта кои водат кон гранични премини, а блокада имаше и на автопатот Драч-Тирана и на автопатот Тирана-Кукс,.
Демонстрантите носеа пароли на кои беа напишани пораки против Владата на премиерот Еди Рама.
Еден од најчесто извикуваните слогани на протестите беша „Рама од си“.
„Жолтите елеци“, како што веќе се нарекоа демонстрантите, најавија масовен протест на 15 декември во 18 часот во Тирана под мотото „Дојди да протестираш за нафтата“.