Пензиониран руски морнарички офицер осуден на 14 години затвор за шпионажа
Пензионираниот руски морнарички офицер Леонид Пархоменко денеска беше осуден на 14 години затвор зашто им предавал класифицирани документи на украински разузнавачи. Него го осуди воениот трибунал во Ростов на Дон. Нему му беа одземени и воените чинови. Пахроменко беше уапсен во 2016 година во пристаништето Севастопол на Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година. Според обвинението, тој собирал класифицирани информации за руската црноморска флота и им ги предавал на украински разузнавачи за пари од 2003 до 2005 година.