Српската опозиција бара слободни медиуми за да оди на избори
Претседавачот на опозицискиот блок Сојуз за Србија, Небојша Зеленовиќ денеска изјави дека српската обединета опозиција нема да прифати нови избори без коренити промени на изборните услови и без слободни медиуми.
Тој најави дека здружената опозиција ќе излезе со заеднички барања за „фер и чесни избори“.
Зеленковиќ оцени дека од доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ на власт изборите престанале да бидат начин на изразување на демократската волја на граѓаните.