Заев за одлуката за формирање косовска војска: Не е време за тоа
На регионот во моментов не му се потребни нови тензии, изјави македонскиот премиер Зоран Заев денеска, по изгласувањето на трите закони во парламентот на Косово со кој се прави трансформација на Косовските безбедносни сили во Војска на Косово.
„Јас знам дека и ставот на НАТО е тој: Не е време! Не ни требаат нови тензии. Уште еднаш, да не забораваме дека Балканот нема намера повторно да биде буре барут“, рече Заев и апелираше до своите колеги премиери, но и до претседателите на земјите од Западен Балкан, да внимаваат на своите чекори по ова прашање.