Заев – Амнестијата ќе донесе помали казни за 27 април
Премиерот Зоран Заев рече дека Законот за амнестија, што веќе се дебатира, ќе се комплетира до крајот на оваа или почетокот на идната недела и со него јасно ќе се разграничи што значи учество во насилство, кревање рака, организација и осмислување упад во Собранието. Казни ќе има, но ќе се стави дистинкција на тоа што значи судска, а што политичка одлука, рече тој.
Одговарајќи на новинарски прашања по националната конференција за децентрализација, Законот за амнестија ќе испрати порака на помали казни, и амнестија за сите што не учествувале во насилството и не биле организатори.
„Членовите во законот што ќе доведуваат до идно казнување нема да бидат тероризам со над 10 години казни, туку ќе бидат помали почетни казни. Но, казни ќе има. Со законот ќе се испрати пораката, казнувањето мора да постои, но и најважната порака е да нема мешање во правосудството“, потенцира Заев.