Макрон пред утрешните протести: На Франција ѝ треба мир
Францускиот претседател Емануел Макрон повика на мир и ред во пресрет на новите протести на „Жолтите елеци“ закажани за утре, петти викенд по ред.
„Мислам дека нашата демократија не може да прифати окупација на јавно добро и елементи на насилство кои ги одбележаа изминатите протести, посебно во центарот на градот. На нашата земја и е потребен мир и ред. Потребно е повторно нормално да функционира“, рече Макрон по самитот на ЕУ во Брисел.
Тој посочи дека ги сослушал барањата на демонстрантите и дека ќе го реализира ветувањето дека набрзо ќе стапат на сила даночните олеснувања.