Романија одби да екстрадира новинар во Турција
Романскиот суд денеска го отфрли барањето на Турција за екстрадиција на турски новинар обвинет за тероризам. Турција сака да му суди на Камил Демиркаја поради поврзаност со свештеникот Фетула Ѓулен, кого властите го обвинуваат за неуспешниот воен удар од 2016 година. Судот во Романија пресуди дека условите за екстрадиција не се исполнети, откако обвинителот оцени дека турското барање се базира на „идеолошки и политички причини“.
Демиркаја на 5 декември беше уапсен во Романија, откако Турција побара негова екстрадиција поради „членство во криминална терористичка организација“. Новинарот ги негира обвинувањата за тероризам и рече дека се бори против екстрадицијата зашто „правосудството во Турција не функционира“. Демиркаја две години живее во Букурешт, каде што работи за романското издание на весникот Заман, кој е забранет во Турција после воениот удар од 2016 година. Тој побара политички азил во Романија