Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ ги пушти низ вода сите што учествуваа во собраниската драма на 27 април
Како граѓани, на пратениците им е најлесно да кажат дека секој што учествувал треба да одговара, а како одговорни политичари, мора да ѝ помогнат на Македонија да заздрави од траумата, коментираше вицепремиерката Радмила Шекеринска на новинарско прашање за селективна амнестија за 27 април како црвена линија за да поминат уставните амандмани и дали сѐ е дозволено во името на евроатлантските интеграции, во емисија на ТВ1.
„Темата помирување, како да ги залечиме раните, ѝ претходеше на дебатата. Лага е дека во дебатите за амнестија во јули со ВМРО-ДПМНЕ некој од нас барал амнестија за 27 април. Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги пушти низ вода сите што учествуваа во таа драма во Собранието. Тие единствено што бараа беше амнестија за криминалот и за злоупотребите, за предметите во СЈО и што се однесуваат на бомбите“, рече Шекеринска.