Иранското министерство за надворешни работи соопшти дека присуството на американските сили во Сирија било нелогично и извор на тензии од самиот почеток. Тоа е прва реакција од Иран по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп од Сирија да бидат повлечени 2000 американски војници, бидејќи тие успешно ја завршиле нивната мисија и ја поразиле исламистичката група Исламска држава.
Според иранското министерство, главната причина за нестабилноста и небезбедноста во Сирија било присуството на американските војници. Иран е еден од клучните сојузници на сирискиот претседател Башар ал Асад.