Министерството за одбрана купува униформи за АРМ за 54 милиони денари
Министерството за одбрана склучи договор за набавка на 14.000 комплети воено-теренска униформа за потребите на припадниците на АРМ, што е прва набавка на по два комплета униформи за секој припадник на армијата досега. Сумата на договорот потпишан со штипската компанија „Дона-М“ е во висина од 54,5 милиони денари, а вкупната количина комплети на воено – теренската униформа треба да биде испорачана до крајот на март следната година.
Последен пат 5.000 униформи за припадниците на армијата биле набавени во 2013 година и уште 1.100 униформи во 2017 година.