Трамп: Блокада се додека не се исполни моето барање за ѕид кон Мексико
Делумната блокада на сојузната Влада ќе трае се додека не се исполни моето барање за финансирање на изградбата на ѕид на границата со Мексико, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, по видео-конференцијата со американските војници во странство.
Во САД од саботата делумно е блокирана работата на Владата по неуспешните преговори помеѓу републиканците и демократите и спорот за барањето на Трамп, Конгресот да додели пет милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мексико.