Петмина уапсени на протестите во Бањалука
Пет лица се уапсени на протестите во Бањалука во периодот од 25 до 27 декември. Тие се осомничени за напад врз полицијата и попречување во извршување на должноста на службените лица, соопшти полицијата.
„Полициската управа на Бањалука осудува секаков вид на насилство и напад врз полициските службеници, повикувајќи ги граѓаните на мирен, достоинствен и законит начин да ги изразуваат своите ставови“, се додава во соопштението.
Петте лица се уапсени за време на протестите на граѓани кои го поддржуваат семејството Драгичевиќ во настојувањата да се расветли убиството на нивниот син Давид.