Лондон загрижен за порастот на мигранти преку Ла Манш
Британската министерка за емиграција Каролајн Ноукс изјави дека зголемувањето на бројот на мигранти кои се обидуваат да пристигнат во Франција преку Ла Манш е загрижувачко.
Изјавата следува откако претходната вечер биле спасени 20 мигранти кои се обидувале да го поминат преминот. Девет мигранти успеале да пристигнат со гумен брод до Кент, каде што биле притворени. Покрај тоа, француската патрола вечерва пресретнала единаесет лица, меѓу кои петмина во состојба на хипотермија.
Бројот на обидите на мигрантите да го преминат Ла Манш се зголемил од октомври, така што 40 лица биле спасени во морето кон францускиот дел Па-де-Кал само на Божиќ, додека 16 други биле спасени на 23 декември.