Прва пресуда за перење пари во Ватикан
Ватиканскиот правосуден систем за првпат изрече пресуда за перење пари, соопштија од прес-службата на Светиот Престол. Анџело Проиети, италијански трговец со недвижнини, осуден е на две и пол години затвор, а трајно му се конфискувани повеќе од еден милион евра. Парите, кои Проиети ги чувал во Ватиканската банка, биле замрзнати уште од 2014 година, кога била покрената истрага против него.
Според Светиот Престол, оваа пресуда е од клучно значење во контекст на тековните напори на Ватикан во борбата против финансискиот криминал. Ватикан неодамна беше критикуван од други истанци поради неуспехот кривично да ги гони случаите за перење пари.