Јеремиќ: Бојкот на изборите има смисла ако на тоа се согласи целата опозиција
Лидерот на српската опозициска Народна партија, Вук Јеремиќ изјави дека бојкот на изборите во Србија би имал смисла ако тоа биде заедничка одлука на целата опозиција. Според него, српскиот претседател Александар Вучиќ најверојатно планира да распише вонредни избори пред потпишувањето на т.н. сеопфатен договор меѓу Белград и Приштина.
“Ќе побара поддршка од народот за тој договор, кој нема да биде претставен конкретно, туку како одлука меѓу мирот и војната, а потоа изборите ќе ги украде, со надеж дека меѓународниот фактор ќе ја сврти главата поради Косово,” изјави Јеремиќ.
Тој нагласи дека протестите што се одржуваат во Белград секоја сабота „се граѓански“, додавјќи дека на 29 декември на протестниот собир „ќе биде изразена најголема енергија на граѓаните до сега“, што, според него, е јасен индикатор дека ситуацијата се менува во споредба со претходните месеци и години.