Јана Куновска со својот интимен визуелен дневник во КИЦ
Насловена по песната „Не биди груб кон стварноста“ од Јовица Ивановски, во Културно информативниот центар во Скопје, од 27 декември до 15 јануари, се одржува последната од актуелната серија на изложби на македонската уметница Јана Куновска.