Едно лице почина во пожар во центарот на Скопје
Командирот на Територијалната противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томевски за МИА изјави дека пожарот е изгаснат и интервенирале со осум возила и 22 пожарникари.
Според привичните информации починатото лице било во продавницата за мопеди каде што избувна пожарот.