Египет - убиени 40 милитанти осомничени за нападот во Гиза
Полициијата во Египет соопшти дека 40 осомничени милитанти се убиени во безбедносни рации, еден ден откако четири лица беа убиени во бомбаки напад на туристички автобус во близина на пирамидите во Гиза.
Министерството за внатрешни работи денеска соошти дека 40-осомничени биле убиени во „синхронизирани безбеедносни напади во три терористички скривалишта„ во Гиза и во градот Северен Синај.
Египетската државна телевизија известува дека „терористичките елементи“ планирале да спроведат серија напади врз институции, туристички капацитети, безбедносните сили и врз цркви во земјата.
Полицијата заплени големи количини огнено оружје, експлозивни направи и супстанци за создавање експлозив, објави Министерството.
На 28 декември тројца виетнамски туристи и нивниот египетски туристички водич беа убиени, откако бомба поставена покрај пат го погоди нивниот автобус во близина на пирамидите, според официјалните податоци.
Единаесет државјани на Виетнам, како египетскиот возач на автобусот, беа повредени.