Критики кон Орбан за отстранувањето на споменикот на Наќ
Унгарскиот премиер Виктор Орбан е критикуван по наредбата да биде отстранета статуата на Имре Наќ, кој беше премиер на земјата за време на бунтот во 1956 година против Советскиот сојуз.
Според плановите популарниот споменик ќе биде преместен на помалку атрактивна локација и дистанцирана од Парламентот на земјата.
Статуата на Наќ, национален херој кој беше убиен во 1958 година за негвата улога во револтот против про-московската влада, ќе биде заменета со реконструкција на споменик по Првата светска војна посветен на жртвите на краткотрајниот комунистички режим во 1919 година.
Споменикот првично беше подигнат од воениот лидер на Унгарија, Миклош Хорти, кој стана сојузник на нацистичка Германија.
Опозициските партии го обвинија Орбан за историски ревизионизам, како и за обид за рехабилитирање на Хорти.