Меркел и Путин телефонски разговараа за конфликтите во Украина и Сирија
Германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин телефонски дискутираа за конфликтот во Украина и на Крим, при што Меркел направи притисок врз Путин за продолженот притвор на 24 украински морнари, кои беа уапсени од силите на Москва во близина на теснецеот Кеч.
Портпаролот на германската Влада Улрике Демер изјави дека ситуацијата во Украина била една од двата смртоносни конфликти за кои разговарале Меркел и Путин. Лидерите дискутирале и за Сирија, по одлуката на САД да ги повлече своите сили од земјата.