Филипче - епидемиите на мали сипаници загрижуваат, вакцините се многу важни
Епидемиите кои што ни се јавуваат на мали сипаници многу не загрижуваат, не сакаме да дозволиме да ни се вратат некои болести кои што многу одамна веќе биле искоренети во нашата земја и затоа вакцините се многу важни, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
„Гледам многу лоши примери околните земји. Покренавме многу кампањи заради тоа што навистина сметаме дека дечињата немаат апсолутно никаков ризик од вакцините, ниту пак може тие да се доведат во врска со било кое пореметување на здравјето. Тоа само едни анти-кампањи кои што се темелат на неточни податоци“, изјави Филипче.