Двајца загинати, деветмина спасени во лавини на рускиот Далечен Исток
Најмалку две лица се загинати, а девет се спасени откако денеска биле закопани во снег по серија лавини во Хабаровски Крај во рускиот Далечен Исток, објавуваат руските државни медиуми.
Спасувачите го најдоа последното исчезнато лице под снегот, објави државната новинска агенција ТАСС. „Тој е во критична состојба, но е жив“, цитира агенцијата претставник на рударската компанија „Многовершиноје.“ Жртвите биле врботени во компанијата.
Десет луѓе биле заробени под снегот, додека еден во барака. Едно лице е пронајдено мртво, а дрга жртва починала подоцна во станицата за брза помош.
Состојбата на другите лица била задоволителна, објави ТАСС. Во извештаите се вели дека неколкумина од заробените во снегот биле членови на екипажот испратен да го спаси лицето закопано од првата лавина, пред и тие да бидат закопани. Лавината ја погодила станицата која и припаѓа на компанијата за производство на злато.
Официјални претставници велат дека медицински екипи биле испратени на местото на настанот и оти повредените биле евакуирани во локалната болница.