Судот определи куќен притвор за Мијалков
Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков вечерва излегува од затворот „Шутка“, каде од минатиот месец е во притвор како еден од осомничените во случајот „Империја“.
Судија на претходна постапка постапувајѓи по предлог на Специјалното јавно обвинителство судијата го прифати предлогот за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор за обвинетиот С.М. во случајот од Обвинителството означен како „Империја“, соопштија вечерва од Основниот суд Скопје 1.
Претходно денеска СЈО го достави предлогот за определување куќен притвор на Мијалков до Судот. Документите за Мијалков вчера беа вратени на доработка бидејќи биле некомплетни.
За останатите осомничени и притворени за случајот „Империја“ – Јордан Камчев, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска и Цветан Панделевски, Апелацискиот суд Скопје претходно по даденото позитивно мислење од СЈО донесе одлуки со кои мерката притвор се заменува со куќен притвор.