Бројот на жртви од железничката несреќа во Данска порасна на осум
Бројот на жртви од најсмртоносната железничка несреќа во Данска во изминатите 30 години порасна на осум, откако од искршениот воз беа извлечени уште две тела, информира денеска полицијата. Во вчерашната несреќа загинаа три жени и петмина мажи, а 16 луѓе беа повредени. Досега се идентификувани четири жртви.
Сите загинати биле патници на брзиот воз кој во моментот на несреќава возел по системот мостови Сторбелт, кој ги поврзува данските острови Шеланд и Фин.
Медиумите претходно објавија дека, поради силниот ветар, покривот на композиција на товарен воз се откорнал и удрил во патнички воз кој наишол од спротивен правец патувајќи кон Копенхаген.
Нуркачите ноќеска го пребарувале и морето под мостот.