Уважени нови пет барања за амнестија на обвинети за „крвавиот четврток“
Одделот Кривично полнолетни при Основниот суд Скопје 1 уважи нови пет барања за амнестија на обвинети за анстаните од 27 април во Собранието. Од Судот велат дека решенијата се донесени според Законот за амнестија кој неодамна беше донесен, а по добиени мислења од надлежното обвинителство, соопштуваат од Судот.
Уважени се барањата за амнестија на лицата А.С., Д.М., Д.В., С.П. и Б.М. опфатени во предметот со К.бр. 752/17, а сите преостанати барања се одбиени како неосновани.
„Основниот суд Скопје 1 – Скопје во законски утврдениот рок постапи, донесе решенија и истите ги достави до странките по однос на сите барања поврзани со Законот за амнестија на настаните од 27 – ми април 2017 година во Собранието на Р.Македонија“, велат од Судот.