До 14 часот вакцинирани над 370 деца во скопските поликлиники
До 14 часот во поликлиниките на територија на Град Скопје се вакцинирани вкупно 371 дете, соопшти Министерството за здравство. Оттаму посочуваат дека состојбата на пациентите кои се заболени од морбили е стабилна, а во моментов се утврдува клиничката и лабараториска слика за уште едно дете за кое лекарите се сомневаат дека има мали сипаници или морбили.
Од денеска стапува во сила привремената мерка забрана за носење невакцинирани деца од МРП вакцината во градинки на подрачјето на Град Скопје. Забраната следи по прогласена епидемија од морбили на целото подрачје на градот.
Од 19 декември, кога беше прогласена епидемија во скопската населба Радишани, досега има 19 заболени, од кои 13 се докажани и шест сомнителни за кои се чека лабораториска потврда во текот на денешниот ден. Сите заболени се невакцинирани лица. Станува збор за деца на возраст од осуммесечна возраст, но и возрасни со 32 и 47 години.
Здравствените власти повикуваат на задолжителната вакцинација на невакцинирани деца со МРП вакцината, која како што велат е ефикасна во превенција на болеста. Родителите кои нема да ги вакцинираат своите деца ќе бидат казнети од 350 до 650 евра.
„За жал од вкупно 15.000 невакцинирани деца со повиците од вакциналните пунктови само 310 се вакцинирале што е исклучително мала бројка“, истакна вчера на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.