Украинската црква викендов ќе стане автокефална
Во Истанбул започна церемонијата за официјално давање независност на Украинската православната Црква. Цариградскиот патријарх Вартоломеј треба да го потпише декретот за автокефалност или независност на новата украинска црква. Тој декрет ќе и биде предаден на украинската црква на 6 јануари, со што ќе се заврши дводневната церемонија.
На црковната церемонија присуствува и украинскиот претседател Петро Порошенко.
Со години во Украина има три ривалски православни цркви, а најголемата е Московската Патријаршија, која формално е украинска, но и одговара на Москва.
Украинската православна црква на Киевската Патријаршија се отцепи од Москва во 1992 година по падот на Советскиот Сојуз. Нејзиното барање за признавање на автокефалноста се интензивираше по руската анексијата на Кримскиот полуостров од Украина во 2014 година.