Апели да не се палат бадникови огнови на отворено
Граѓаните да се воздржат од палење на бадникови огнови на отворено, за да се избегне дополнително загадување на воздухот, апелира Министерството за животна средина и просторно планирање.
Во соопштението, Министерството ја поздравува иодлуката на Град Скопје и скопските општини да не донираат дрва за бадниковите огнови и во исто време апелираат до другите општини во државата да се приклучат кон оваа иницијатива.