Реконструкција во албанската влада, Бушати останува министер
Албанскиот претседател Илир Мета, еден ден по доставувањето на предлогот за нови министри во Владата од страна на премиерот Еди Рама, денеска потпиша уредба за смена на шестмина министри, наименување на нови министри и еден вицепремиер.
Но Мета не се согласува и не потпиша уредба да биде сменет досегашниот министер за Европа и надворешни работи Дитмир Бушати, на чие место Рама го предлага Гент Цакај, кој до сега беше заменик министер во истото министерство.
Ова е прва темелна реконструкција на Владата по формирањето во септември минатата година.