Закажан состанок на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени
Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мискоски за денеска попладне свикал седница на Извршниот комитет на партијата, како и состанок со пратеничката група, на кои ќе се расправа за уставните измени со кои се менува името на државата.
Според информации од ВМРО-ДПМНЕ, се вршеле жестоки притисоци од страна на власта и на премиерот Зоран Заев за обезбедување дво-третинско мнозинство за изгласување на уставните измени. ВМРО-ДПМНЕ е со став дека Заев, по секоја цена, спротивно на волјата на граѓаните, сака да го смени името на државата.