Каталонскиот лидер ја условува поддршката за буџетот со дозвола за референдум за независност
Каталонскиот лидер Ким Тора изјави дека обидот на шпанска да го усвои буџетот е осуден на пропаст ако не бидат прифатени барањата на каталонските сепаратисти да се одржи референдум за независност на тој шпански регион.
Тора, во интервју за Асошиејтед прес, рече дека претставниците на каталонските владејачки партии во шпанскиот парламент „јасно ставиле до знаење дека ќе гласаат против буџетот, зашто шпанската влада не направила ниеден чекор за исполнување на нивните барања“.
Усвојувањето на буџетот би ги зголемило шансите на малцинската влада на премиерот Педро Санчес да го истера мандатот до крај, додека неуспехот би го засилил притисокот за распишување предвремени избори како и политичка нестабилност во четвртата економија во еврозоната.
Санчес одби да одобри референдум за независност на Каталонија.
Тој дојде на власт во јули, делумно благодарение и на поддршката од каталонските сепаратисти, изгласувајќи му недоверба на претходниот премиер Маријано Рахој, но Тора сега ја условува поддршката.
Социјалистичката малцинска влада ја поддржува и левичарската партија Подемос, но за буџетот мора да ги придобија и помалите партии.
Најголемите ривали на социјалистите, конзервативната Народна партија и центристички и бизнис наклонетите Сијудаданос, веќе соопштија дека нема да го поддржат буџетот.
Лидерот на социјалистите во Каталонија изјави дека верува оти сепаратистите може да бидат придобиени со ветување повеќе пари за тој регион.
Прашањето за поддршка на Санчес предизвикуваат поделби и меѓу каталонските сепаратисти – од една страна се оние кои инсистираат со премиерот да се разговара за референдум за независност, но други стравуваат дека така на власт може да се врати Народната партија која има потврд став кон сепаратистите.
Камен на сопнување претставуваат и каталонските политичари и активисти уапсени по референдумот во 2017 година, на чие ослободување инсистира Тора.