Косовo го поздрави изгласувањето на уставните измени
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, претседателот на државата Хашим Тачи и претседателот на Собранието Кадри Весели синоќа го поздравија изгласувањето во македонското Собрание на амандманите на Уставот, со кои Македонија стави крај на спорот со Грција околу името на државата, јави МИА од Приштина.
Харадинај му изрази прзнание на македонскиот премиер Зоран Заев за, како што вели, неговата „докажана прозападна визија која е значајна за целиот регион“, а одлуката на македонското Собрание за усвојување на уставните измени ја оцени како „огромен чекор кон евроатланските интеграции на соседната држава“.
" Овој настан, кој е значаен за новата историја на Западен Балкан, претставува надеж дека нашиот регион оди во правец на еден опстоен мир. Го поздравувам мојот хомолог Зоран Заев за докажаната прозападна визија, како и Албанците од Македонија за клучната улога во овие промени, напиша Храдинај во неговата објава на Фејсбук недолго по изгласувањето на уставните промени во македонското Собрание.
Успешниот исход на гласањето за промените на Уставот на РМ, со кои се верификува Договорт со Грција, го поздрави и претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој оцени дека македонското Собрание покажа „храброт, визија и висока свест“.
Тачи го искористи овој повод да порача и дека „2019 година ќе биде година на големи одлуки и за Косово“ и „година во која треба да се затвори и вековниот конфликт меѓу Косово и Србија, со конечен и сеопфатен договор за мир и нормализирање на односите меѓу двете држави“.