Во Атина следната недела протест против Договорот од Преспа
Грчкиот Комитет за борба против Македонија за 20 јануари закажа протест на атинскиот плоштад Синтагма, против Договорот од Преспа и „за да се спречи предавство на Македонија“, јави дописничката на МИА од Атина.
Одново формираниот „Комитет за борба за Македонија“, кој го сочинуваат четири организации од кои две се на Грците од дијаспората, преку соопштение го најавуваат протестот, велат дека Грците „не отстапуваат ниту една буква од светото име на Македонија“.