Египетските сили убиле шест милитанти во полициска рација
Египетските безбедносни убиле шест исламски милитанти во рација во нивното пустинско скривалиште во јужниот дел на земјата во раните утрински часови на 12-ти јануари, објави денеска Министерството за внатрешни работи. Од Министерството соопштија дека го нападнале скривалиштето на терористите во провинцијата Сохаг, околу 460 километри јужно од главниот град Каиро.
Полицијата запленила оружје и муниција, додаде Министерството.
Осомничените планирале терористички напади, се вели во соопштението без да се дадат други детали.