Одредби од Законот за судиите ќе се најдат пред Уставен суд
Здружението на судиите соопшти дека задолжило работна група да изготви иницијатива до Уставниот суд на РМ за одредби од законот за плати на судиите како и да подготви предлог законски измени на законот за плати на судиите.
Во заклучоците донесени од Работната група што биле поддржани на седница на Управниот одбор на Здружението на судии, се наведува дека судско-буџетскиот совет согласно законот бил должен да врши исплата на додатоците на плата на судиите и за преостанатите месеци од кога се стапени во сила актите. Од тие причини, како што се наведува во соопштението, судиите своите права за заостанатите месеци можат да ги остварат преку поднесување на тужби.
“Во однос на додатоците на плата, Работната група заклучи дека согласно законот и другите подзаконски акти, Судско-буџетскиот совет бил должен да врши исплата на додатоците на плата и за преостанатите месеци од кога се стапени во сила актите. Од тие причини, Работната група смета дека судиите своите права за заостанатите месеци можат да ги остварат преку поднесување на тужби. Овие заклучоци, Работната група ќе ги достави до Управниот одбор на Здружението на судиите на РМ, за натамошно проследување пред надлежните органи: Влада на РМ, Министерство за правда и Министерство за финансии” се вели во денешното соопштението од ЗСРМ.