Продолжува потрагата по авионот кој исчезна над Ламанш
Потрагата за авионот кој во понеделник вечерта исчезна на летот од Франција во Велика Британија продолжува и денеска. Малиот авион, во кој имаше тројца луѓе, меѓу кои и аргентинскиот фудбалер Емилијанo Сала, изгуби контакт над каналот Ламанш.
Пет авиони и два спасувачки чамци вчера пребаруваа над 1500 квадратни километри, пред потрагата да биде прекината доцна навечер по 15 часа. Не беа пронајдени траги од авионот или негови делови. Потрагата се продолжи рано утринава.
„Два авиони полетаа и ќе го пребаруваат делот на кој мислиме дека постои најголема шанса да најдат нешто, базирано на временските услови во моментот кога авионот исчезна“, се наведува во соопштението на локалната полиција.
Сала патуваше кон Кардиф, каде што требаше да му се придружи на новиот клуб каде што премина од францускиот Нант.