ЕУ воведува задолжително породилно отсуство и за татковците
Европскиот совет и Европскиот парламент вчера постигнаа договор за директивата со која се воведува задолжително породилно отсуство од најмалку десет дена за татковците или „вторите родители“ кога се работи за истополовите парови.
Во дел од членките на ЕУ, мажите сè уште не добиваат отсуство по раѓањето на детето, иако во некои држави веќе има породилно отсуство и за мажите.
Друг проблем е тоа што изразот „вторите родители“ нема да важи во државите кои не го признаваат истополовиот брак.
Според договорот, ќе има најмалку 4 индивидуални месеци родителско отсуство, од кои два не смеат да му бидат префрлени на другиот родител. Причината за ова е бидејќи најчесто се префрла кон мајката.
Целта на договорот е да им се олесни на вработените родители и во професионалните, но и во личните обврски, како и да им олесни на жените да останат на пазарот на трудот.
Договорот треба да биде одобрен од страна на земјите-членки.